Манчестер Јунајтед повторно ја ја подигна понудата за Лисандро Мартинез, централниот дефанзивец на холандски Ајакс. Како што пиќшува холандскиот весник „Де Телеграф“ последната понуда која стигнала во канцеларијата на тимот од Амстердам е во висина од 41 милион евра, плус 4 милиони во вид на бонуси.
Претходно Јунајтед понуди 40 милиони евра кои Ајакс не ги прифати. Интересно е што паралелно со Ајакс за истиот фудбалер преговара и екипата на Арсенал. Холанѓаните поставија цена од најмалку 50 милиони за Мартинез, па сега останува да се види кој од англиските гиганти прв ќе дојде поблиску до оваа барана сума за да го добие 24-годишниот фудбалер.