Монако ја чека новата ѕвезда: Белоти вечерва треба да пристигне во кнежевството

117

Андреа Белоти, наводно, одлучил да се пресели во редовите на Монако во француската Лига 1 и договорот е блиску до комплетирање, пишуваат авторитетни италијански медиуми.

28-годишниот италијански напаѓач вчера и официјално го напушти Торино како слободен играч, со што стави крај на седумгодишната соработка со тимот. Додека сонуваше за преселба во Милан, „росонерите“ решија да се фокусираат на други цели, принудувајќи го Белоти да разгледа други опции.

Според последните информации, Белоти го избрал Монако за свој следен клуб и се очекува да пристигне во кнежевството вечерва или утре за да ја заврши зделката.

ПретходноКалин Ивановски со пресврт до победа и 2. коло на јуниорскиот Вимблдон
СледноКожуф и Ѓоре Јовановски ја официјализираа соработката