Нотингем Форест утрово и официјално потврди дека голманот на Манчестер Јунајтед и на англиската фубдалска репрезентација, Дин Хендерсон, се сели во нивните редови на позајмица.
Хендерсон кој е во Манчестер Јунајтед од 14-годишна возраст и досега има 49 настапи во Премиер лигата, ќе ја реализира шестата позајмица во својата кариера.
25-годишниот играч помина две сезони на позајмица во Шефилд Јунајтед, за потоа да се врати на „Олд Трафорд“, каде минатата сезона беше во сенка на првиот голман Де Хеа.
„Дин е голман од врвна класа и тој е гладен за повеќе можности да игра и да продолжи да се докажува на највисоко ниво“, рече главниот тренер на Форест, Стив Купер.