Промоција: И Бразилецот Вагнер во нападот на тетовци!

616

Тетовски “црвено – црни“ едноставно не знаат за доста во овој летен преоден рок. Уште едно големо, навистина големо засилување во нападот на Шкендија. Она што го најавивме пред два дена, вечерва и се оствари а тоа е дека тетовци и официјално се засилија со напаѓачот од Бразил, Вагнер Гонзалвес.

Има 26 години, а покрај другите клубови играл и за Дњипро и Дила Гори. „Спортмедиа“ завчера објави дека Грузијците барале 100.000 евра за отштета, но за колку е договорен трансферот тоа знаат само двата клуба.

Возбуден сум што ќе играм за Шкендија. Како што слушнав Шкендија сега има силен тим и јасно е дека мене ми е драго што и јас сум дел од него. Се надевам дека сите заедно ќе постигнеме успеси со кои ќе ги радуваме нашите фанови“ рече Вагнер на промоцијата.

ПретходноНадал без проблеми против Сонего…хаос на мечот Циципас – Кирјос! (ВИДЕО)
СледноЕвертон потпиша со Џејмс Тарковски