Роберт Просинечки и дефинитивно не е веќе тренер на Олимпија и тоа по само неколку месеци престој во Љубљана. И кога ќе дојде до кавга јасно е дека вистината е некаде помеѓу двете страни.
Легендарниот Роби си има своја приказна за тоа зошто и како си заминал, додека челниците на Олимпија сметаат дека Просинечки не водел спортски живот и дека се сега се каат што воопшто го ангажирале.
На сето ова Роби имаше свој коментар…
„Сум работел со секакви, но со поголеми измамници и лажговци досега не сум работел. Тоа како се води клубот од страна на првите луѓе на Олимпија само Хичкок може да го смисли. Неверојатно“ изјави покрај другото Роберт Просинечки.