Ристовски: Македонскиот фудбал ни е – колку пари, толку музика! Не знаеме да сочуваме бренд…

625

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија Стефан Ристовски во интервју за хрватски „Јутарњи лист“ зборуваше за македонскиот фудбал.
Македонскиот фудбал не е сјаен, што се вели – колку пари, толку музика. Фудбалот денеска е голем бизнис, а во Македонија стагнира инфраструктурата. Се надевам дека ќе дојдат и кај нас нашите пет минути.

Ете, Вардар пред неколку години играше групи во Лига Европа, а сега е во втора лига и многу ми е жал за тоа. Не знаеме да ја чуваме традицијата, не знаеме да чуваме бренд. Многу клубови, кошаркарски, ракометни, фудбалски – пропаѓаат. Мора да си одите од Македонија за да станете фудбалер и во овој момент не гледам во кој клуб може подолго да останете. Динамо е пример како треба да се работи“, вели Ристовски.

ПретходноКако на најпростачки начин да ти пропадне договор
СледноБарселона ги „откачи“ Траоре и Де Јонг