Слободен влез за мечот Македонија-Украина

118

Македонската кошаркарска федерација го отвора вратите на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје за натпреварот од квалификациите за Светскиот Куп 2023, против селекцијата на Украина, кој нашите најдобри кошаркари ќе го играат на 4. јули (понеделник) со почеток од 18.часот.

KФСМ ги поканува сите искрени љубители на кошарката да дојдат и да го проследат овој натпревар од 6. коло од „Г“ квалификациската група за Светскиот Куп и да му дадат поддршка на нашиот подмладен состав во обид да ја реализира првата победа во овој квалификациски циклус.

ПретходноВесели потпиша за Барселона
СледноБратски дуел: Милан и Стефан одиграа еден против друг