СП 2023: Интересна ждрепка… Македонија против Норвешка, Аргентина и Холандија

317

Македонија за противници во групната фаза на ракометниот Мундијал ги доби селекциите на Норвешка, Аргентина и Холандија, така сакаше ждрепката.

Четата на селекторот Кирил Лазаров се најде во групата Ф и ќе игра во градот Краков.

На прв поглед ждрепката која денеска доцна попладне се одржа во Катовице, на која Македонија беше во вториот барабан, може да се каже дека е интереснам, но секако со ривали кои поседуваат и тоа како квалитет.

Можеше да биде полесно.

Инаку СП во ракомет ќе се одржи од 11 до 29 јануари 2023 година, и тоа во девет градови во Полска и Шведска.

Во првата групна фаза на СП, на кое ќе учествуваат најдобрите 32 селекции во светот, има 8 групи со по четири селекции, трите најдобри од секоја група одат понатаму во главната групна фаза каде ќе “вкрстат“ со три селекции од друга група.

Во продолжение можете да ги видите сите групи и во нив 32-те репрезентации на Мундијалот во Полска и Шведска.

ГРУПА – А (Краков)

-Шпанија

-Ц. Гора

-Чиле

-Иран

ГРУПА – Б (Катовице)

-Франција

-Полска

-С. Арабија

-Словенија

ГРУПА-Ц (Гетеборг)

-Шведска

-Бразил

-(Африка 2)

-Уругвај

ГРУПА-Д (Кристијанштад)

-Исланд

-Португалија

-Унгарија

-Ј. Кореја

ГРУПА-Е (Катовице)

-Германија

-Катар

-Србија

-(Африка 5)

ГРУПА-Ф (Краков)

-Норвешка

-МАКЕДОНИЈА

-Аргентина

-Холандија

ГРУПА-Г (Јончепинг)

-(Африка 1)

-Хрватска

-(Африка 3)

-САД

ГРУПА-Х (Малме)

-Данска

-Белгија

-Бахреин

-(Африка 4)

ПретходноПо две години, Суперкупот на Италија се враќа во Саудиска Арабија
СледноВардар добива претседател за фудбалски развој