Стопер со неверојатни 2,06 метри од друга планета дојде во Марсеј

374

Олимпик Марсеј го комплетира трансферот на највисокиот играч во петте најсилни лиги во светот. Исак Туре, кој има само 19 години и неверојатни 206 сантиметри (2,06 метри) е новиот стопер на клубот од „Велодром“.

Тој доаѓа во Марсеј од Ле Авр за сума од 5 милиони евра, а е вистински ѕвер кога станува збор за воздушните дуели како во одбраната така и во нападот при изведување на корнери или слободни удари.

„Со 206 сантиметри, Исак е корпулентен фудбалер кој се чувствува многу комотно во дуел играта. На свои 19 години доминира во дуелите, со потенцијал да стане вистински лидер на нашиот тим“, велат од Марсеј.

Клубот се погрижи неговото претставување да изгледа како на филм, трејлер во стилот на „Марвел“. Вистински стопер пристигнува од друга планета да ја зацврсти одбраната на Марсеј.

Што се однесува до Марсеј, пред Исак договор за постојан престој потпиша Матео Гендузи, а договорен е и централниот бек Самуел Гигот кој доаѓа од Спартак Москва. И тој беше претставен на сличен начин како и Исак.
А во текот на вчерашниот ден во Марсеј се појави нов проблем, незадоволниот Хорхе Сампаоли ја напушти тренерската позиција па клубот од „Велодром“ ќе мора да го решава тоа што е можно побрзо.

 

ПретходноРакометарите денеска ќе ги добијат противниците за СП 2023!
СледноВесели потпиша за Барселона