По повеќе од шест години соработка, Џејмс Тарковски летово го напушти Барнли, но ќе остане во Англија.
Како што денеска потврдија од Евертон, дефанзивецот е веќе нов фудбалер на „карамелите“ со кои потпишал договор до 2026 година.
„Возбуден сум што ќе се преселам во Евертон. Тоа е голем клуб. Навистина се радувам на годините кои се пред нас и благодарен сум за можноста што ми се укажа“, вели Џејмс Тарковски за клупската веб-страница.
29-годишниот Тарковски стигна до 219 натпревари за Барнли и двапати ја претставуваше репрезентацијата на Англија.