Крстајиќ ќе биде новиот селектор на Бугарија

165

Младен Крстајиќ ќе биде новиот селектор на Бугарија, нашиот ривал од групата во Лигата на нациите во моментов. Српските медиуми јавуваат дека Крстајиќ веќе има „дил“ со бугарскиот фудбалски сојуз и дека ќе го замени сега веќе екс селекторот Георги Иванов.

Крстајиќ има искуство како селектор и тоа на неговата Србија, во период од 2017 до 2019 година, а потоа беше на чело на екипата на ТСЦ Бачка Топола, како и на тимот на Макаби Тел Авив.

 

ПретходноШкендија го потврди Јан Вондра
СледноМИ 2022: Трет пораз на ракометарките