Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија Стефан Ристовски во интервју за хрватски „Јутарњи лист“ зборуваше за македонскиот фудбал.
„Македонскиот фудбал не е сјаен, што се вели – колку пари, толку музика. Фудбалот денеска е голем бизнис, а во Македонија стагнира инфраструктурата. Се надевам дека ќе дојдат и кај нас нашите пет минути.
Ете, Вардар пред неколку години играше групи во Лига Европа, а сега е во втора лига и многу ми е жал за тоа. Не знаеме да ја чуваме традицијата, не знаеме да чуваме бренд. Многу клубови, кошаркарски, ракометни, фудбалски – пропаѓаат. Мора да си одите од Македонија за да станете фудбалер и во овој момент не гледам во кој клуб може подолго да останете. Динамо е пример како треба да се работи“, вели Ристовски.