Одличен трансфер, и тоа од Брегалница во турската Адана за Јован Манев, инаку младински репрезентативец на Македонија. Тој е од вечерва е во Адана и се очекува во секој момент да се реализира трансферот. Тоа значи дека Манев ќе игра заедно со славниот Марио Балотели а тренер ќе му биде Винченцо Монтела.
Инаку Јован Манев има 21 година, роден е во Кочани, но својата фудбалска промоција ја доживува во Брегалница. Факт е дека во минатата сезона тој беше еден од најдобрите, ако не и најдобар во составот на штипските “сини“, па така тие одлични партии на младинскиот репрезентативец на Македонија не останаа незабележани и од клуб како што е Адана, и секако дека не е мала работа да играш заедно со еден Марио Балотели а да те тренира славниот Винченцо Монтела.