Шкендија го потврди Јан Вондра

359

Она што јавноста го најави уште пред неколку дена, тимот на Шкендија предмалку и официјално го потврди. Чешкиот интернационалец Јан Вондра кој игра на позицијата лев бек во следната сезона ќе го носи дресот на нашиот трофеен клуб, и ќе се обиде да се наметне во силната конкуренција.

„Среќен сум што сум во Тетово и што сум дел од Шкендија. Мислам дека во тимот на црвено-црните дојдов токму во вистински момент, пред натпреварите во европските натпреварувања. Се надевам дека од натпреварите во Конференциската лига ќе ја оправдам мојата заложба за Шкендија, но нормално концентрацијата ќе биде и во новата натпреварувачка сезона каде верувам дека со Шкендија ќе атакуваме на титулата шампион на Македонија. Колку што дознав деновиве, Шкендија има многу квалитетен тим со многу потенцијал и убеден сум дека заедно ќе постигнеме позитивни резултати како на европските натпреварувања така и на локалното првенство“, изјави Вондра веднаш по потпишување на договорот.

 

ПретходноКонечно во Битола ќе се гради нова спортска сала
СледноКрстајиќ ќе биде новиот селектор на Бугарија