Во Интер дојде како голем талент, сега ќе ја спасува кариерата во Монца

528

Играчот од средниот ред Стефано Сенси ќе се обиде да ја рехабилитира кариерата во новакот во најсилната италијанска лига Монца. Сенси играше одлично во Сасуоло, стигна и до италијанската репрезентација па со тоа си се препорача кај Интер кој прво го зема на позајмица, а пото го откупи неговиот договор за 25 милиони евра.
Меѓутоа работите за овој фудбалер не тргнаа како што треба во миланскиот гигант. Неколку повреди го исфрлија од колосек.
Во сезоната 2020/21 одигра 18 натпревари во Серија А, следната само девет поради што Интер го позајми во вториот дел во Сампдорија.
Сега ќе се проба и во Монца со која потпиша договор за позајмица до 30 јуни 2023 година.

ПретходноВолкановски направи хет-трик победи против Холовеј и ја сочува светската титула
СледноВардар го засили средниот ред со Филип Jаневски