Манев по стапките на Мојсов, во ист ден потпишаа за Адана Демирспор

1292

Македонскиот младински репрезентативец Јован Манев е нов член на турскиот суперлигаш тимот на Адана Демирспор. Амбицозниот клуб во кој главен играч е Марио Балотели, а тренер е Винченцо Монтела го купува младиот стопер и ја крева неговата кариера на едно далеку повисоко ниво одколку досега.

Ова е пример дека напорната работа, и вербата во себе може да ти ги оствари сине соништа, а Манев во моментов го живее својот фудбалски сон. Стануава дел од светскиот фудбал, онаму каде што во 2015 година на истиот 3. јули стапна и неговиот довчерашен соиграч од Брегалница, Даниел Мојсов.

Имено, судбината сакаше Манев да потпише договор со Адана, на истиот датум кога и Мојсов во 2015 година. На овој момент се присети токму Мојсов, сега на залезот на својата кариера, и менторот во изминатиот период токму на Јован Манев.

„Честито и ништо не е случајно. На ист датум само различна година“ – напиша Мојсов со честитка и желба за многу успех во иднина на младиот дефанзивец.

ПретходноМакедонија и одржа нова лекција на Бугарија
СледноВилдан Керим уште еден новитет за Гостивар