Публиката му скандираше дека е преценет, Дончиќ им одговори со 31 поен (ВИДЕО)

7789

Во драматична заврпница, Словенија предводена од Лука Дончиќ и Горан Драгиќ ја совлада Шведска на гостински терен со 84-81 и се зацврсти на првото место на табелата.

Во текот на натпреварот додека Дончиќ изведуваше слободни фрлања, домашната публика му скандираше дека е преценет, нешто што го следи на гостинските мечеви во НБА лига.

На скандирањето на шега се приклучи и Дирк Новицки, поранешниот соиграч на Дончиќ и легенда на Далас, кој го следеше натпреварот од првиот ред.

На овие скандирања тој им одговори со 31 поен, 10 скока и 6 асистенции, зад него беше Драгиќ со 20 поени.

ПретходноДарио Ивановски со нов личен рекорд на МИ
СледноСнема струја во „Чаир“, дуелот меѓу Србија и Белгија е прекинат!