Усеини ќе продолжи во Приштина

342

Искусниот играч за врска Мухамед Усеини својата кариера ќе ја продолжи во тимот на Приштина.

Овој клуб и официјално се пофали деенска со својот нов играч кој секако дека ќе биде голем плус за шампионатот кој претстои.

Усеини е некогашен капитен на тимот на Шкендија, и играч со кој овој тим ги доживеа најголемите успеси како на домашна така и на интернационална сцена.

Тој досега беше дел од тимот на Гњилане исто така во шампионатот на Косово, а во ПМФЛ настапуваше уште и за Ренова односно Работнички, како и за Фљамуртати во Албанија.

ПретходноПријовиќ и Тошиќ: Лага е се, ниту сме се сретнале, ниту сме се степале
СледноЛетото не е завршено, кошаркарите на турнир во Литванија!