Хрватска остана без Светско првенство!

286

Хрватската кошаркарска репрезентација не ја искористи големата шанса да се најде во следната квалификациска фаза за место на Светското првенство 2023 година. Во неверојатна завршница Финска успеа да слави со 79-81 и како третопласирана селекција оди во втората рунда.

Кошаркарите на Хрватска го имаа мечот, во финишот имаа позитива од пет коша, противникот успеа да се врати и да победи. Зубац беше трагичар ги промаши слободните фрлање за продолжение.

Инаку првото полувреме им припадна на Финците кои имаа предност од 12 разлика, по одморот Хрватска заигра на високо ниво со серија од 14-0 го превзема водството, но за жал не успеа да слави.

Марканен со 19 поени го предводеше составот на Финска, на другата страна Богдановиќ и Зубац запишаа по 21 поен.

ПретходноПосле голема драма во Будимпешта, Шпанија после 20 години освои златен медал!
СледноПроблемот со струјата не се реши: Србија и Белгија продолжуваат утре!