Досегашниот играч на Академија Пандев, Фарук Бихорац е нов член на тимот на Силекс. Денеска интернационалецот од Србија и официјално му се приклучи на тимот од Кратово кој во серија донесе десетина засилувања летово што значи дека Силекс и тоа како планира во следната ПМФЛ сезона да влезе подготвен и да атакува на што е можно погорно место на табелата.
Бихорац одигра солидно во дресот на Академија Пандев, забележа двасетина настапи, а сега менува средина но не и шампионатот.