Бодрете го Шкупи за 100 денари!

2218

Одличен потег на раководството на Шкупи, на нашиот шампион во пресрет на првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛШ против Линколн од Гибралтар.

Познато е дека овој натпревар се игра во вторник (7 јули) со почеток од 20:45 часот на Националната Арена “Тодор Проески“.

Имено чаирчани утре ќе ги пуштат билетите во продажба а тие ќе бидат со крајно популарна цена од само 100 денари. Додека ВИП билетите ќе чинат 600 денари.

Ова се прави со цел да има што повеќе наши фанови на трибините кои ќе му помогнат на тимот на стратегот Гоце Седлоски да дојде до што подобар резултат.

Билетите ќе може од утре да се купат на продажните места на плоштадот “Скендербег“, а во вторник ќе можат да се купат и на билетарите на Арената.

Да кажеме и тоа дека пресот на Седлоски и еден играч на Шкупи, ќе биде утревечер со почеток во 20 часот во прес салата на Арената “Тодор Проески“.

ПретходноРоџер Федерер на Вимблдон: Ми недостига овој турнир…
СледноЛудница на Силверстон: Саинц до првата победа во Ф1 во кариерата!