Волкановски направи хет-трик победи против Холовеј и ја сочува светската титула

739

Александар Волкановски по трет пат го победи Макс Холовеј и докажа дека му нема рамен во „пердув“ категорија. Синоќа во Лас Вегас во рамките на УФЦ 276, австралискиот борач со македонско потекло успеа да собере повеќе поени од противникот и на крајот го доби мечот.

Воедно, Волкановски стана прв борец во историјата на УФЦ што три пати победил ист ривал во борбите за титулата. Тој има 12 победи по ред во УФЦ.

Потоа најави дека планира да се натпреварува во лесна категорија и да се обиде да го освои и тој шампионски појас.

ПретходноПријовиќ го нокаутирал Тошиќ на сплав во Белград
СледноВо Интер дојде како голем талент, сега ќе ја спасува кариерата во Монца