Играчот од средниот ред Стефано Сенси ќе се обиде да ја рехабилитира кариерата во новакот во најсилната италијанска лига Монца. Сенси играше одлично во Сасуоло, стигна и до италијанската репрезентација па со тоа си се препорача кај Интер кој прво го зема на позајмица, а пото го откупи неговиот договор за 25 милиони евра.
Меѓутоа работите за овој фудбалер не тргнаа како што треба во миланскиот гигант. Неколку повреди го исфрлија од колосек.
Во сезоната 2020/21 одигра 18 натпревари во Серија А, следната само девет поради што Интер го позајми во вториот дел во Сампдорија.
Сега ќе се проба и во Монца со која потпиша договор за позајмица до 30 јуни 2023 година.
Дома Меѓународен фудбал Италија Во Интер дојде како голем талент, сега ќе ја спасува кариерата во...