Депај не е во плановите на Чави, мора да бара нов клуб!

274

Холандскиот интернационалец Мемфис Депај повторно ќе го менува клубот. Според информациите на „Марка“ Холанѓанецот бил известен од менаџерот Чави дека не е во неговите планови за новата сезона.
Тоа значи дека Мемфис мора да си бара нов клуб или ќе ризикува да остане на клупата на „Ноу Камп“ во новата сезона која му е последна од договорот со каталонскиот гигант.
Со оглед на финансиските проблеми Барса сака што побрзо да се ослободи од непотребните фудблери за да овозможи пари за нови играчи, па така информациите се дека од „Ноу Камп“ би прифатиле и 25 милиони евра за крилниот фудбалер. Тие пари би ги употребиле за да го реализираат трансферот на Рафиња од Лидс.
Сепак, мал е интересот за Депај. Со оглед на тоа дека тој ќе влезе во последната година од договорот сумата која ја бара Барса е висока.
Новинарот Жерар Ромеро открива дека понискорангиран клуб од Премиер лигата понудил 23 милиони евра за Депај не откривајќи го името.
Депај играше за ПСВ, беше дел од Манчестер Јунајтед, а најдобрите моменти ги имаше во Лион за кои играше од 2017 до 2021 година.

ПретходноВардар го засили средниот ред со Филип Jаневски
СледноПочина една од најголемите шкотски фудбалски легенди