Лапорта го разочара Манчестер Јунајтед и најави две засилувања оваа недела

628

Манчестер јунајтед долго се обидува да го договори трансферот на Френки де Јонг, но веројатно тој ќе остане во Барселона. Претседателот на Барса Жоан Лапорта потврди дека шансите Јунајтед да го добие Холанѓанецот се минимални.
Има многу клубови кои го сакаат него, не е само Манчестер јунајтед. Ние немаме намера да го продадеме, тој сака да остане. Ќе направам се за да го задржам Френки, но има и проблем со платата и тоа треба да се прилагоди “, вели Лапорта.

Франк Кеси и Андреас Кристенсен ќе бидат нови фудбалери но Барселона, но нивното официјално претставување беше одложено поради финансиската ситуација во Барселона.
Лапорта соопшти дека тие конечно ќе бидат презентирани како засилувања.
Ќе го презентираме Кеси во среда, а Кристенсен во четврток“, рече Лапорта.

ПретходноПросинечки: Со поголеми измамници и лажговци досега не сум работел!
СледноИгор Тудор на кормилото на Олимпик Марсеј