Луда, и по повеќе од тоа трка за ГН на В.Британија која попладнево се возеше на легендарната патека на Силверстон. Луда трка во која на крајот славеше Ферари и Карлос Саинц кој дојде до својата прва победа во кариерата во Формула 1. Второпласиран заврши Серхио Перез од тимот на Ред Бул, а трет Луис Хамилтон на Мерцедес.
Инаку на ова трка имаше од се по нешто. Прво на стартот се случи страшен инцидент во кој во главна улога беше Кинезот Жу, кој се преврте и мораше да има повторен старт.
Треба да се каже дека Верстапен имаше проблеми со болидот и затоа заврши како седми, а најголем губитник е Леклер, кој иако водеше на неколку круга до крајот, сепак не успеа да се снајде и затоа заврши како четврти.