Македонската У18 кошаркарска репрезентација по втор пат беше подобра од соодветната генерација на Бугарија на пријателските мечеви кои се играат во Сандански. Нашиот национален тим овојпат беше подобар со конечни 78:73. Избраниците на селекторот Тони Симиќ два пати во само два дена покажаа дека се подобар ривал во моментов од Бугарија и дека заслужено забележаа два триумфа.
Нашата селекција ја доби првата четвртина (22:20), но онаа наредната заврши со предност на Бугарија, која на полувремето поведе со (45:37).
Сепак, по паузата од 15.минути, нашите јуниори повторно се вратија во ритам, направија голем резултатски и играчки пресврт. Ја вративме позитивата на нашата страна, и по три одиграни периоди, Македонија беше во водство (60:57), кое и покрај лошата арбитража, успеавме да го задржиме.
Андреј Шошкиќ со 21. реализација го предводеше тимот во „црвено-жолта“ комбинација до вториот успех на гостувањето во Сандански. Имаше и по пет освоени, односно исто толку загубени топки, четири асистенции и два скока. Бошалески реализираше 16.поени, надополнети со по четири скока и исто толку успешни додавања, додека пак Тома Стојановски на 15.поени додаде и девет скока и две асистенции.