МИ 2022: Атлетичарот Трајковски позитивен на Ковид-19

193

Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски кој денеска требаше да се натпреварува на Медитеранските игри во Оран во дисциплината скок во далечина, има позитивен Ковид-19 тест. Тој имал покачена температура во изминатото деноноќие, по што стигнал и позитивниот ПЦР тест.

“Многу сум тажен заради настанатата ситуација, затоа што моја најголема цел за оваа сезона беше да освојам медал за Македонија на Медитеранските игри во Оран. Тренинзите се одвиваа според предвидената динамика до вчерашниот ден, бев во одлична форма, но за жал Господ имал други планови за мене. Ќе се вратам уште посилен после ова!”, е изјавата на Андреас.

ПретходноВилдан Керим уште еден новитет за Гостивар
СледноМИ 2022: Таеквондистката Поповска поразена во првото коло