МИ 2022: Дејан Георгиевски обезбеди полуфинале и борба за медал

174

Во исклучително тесна и неизвесна борба, македонскиот сребрен олимпиец од Токио, Дејан Георгиевски славеше во четврфиналната борба во категоријата до +80 килограми на Медитеранските Игри 2022. Тој со 20:18 на поени го совлада Египќанецот Ахмад Мохамед и обезбеди полуфинале и борба за медал.

Борбата во сите три периода беше крајно неизвесна, со оглед на одличната подготвеност и на двајцата таеквондисти. Георгиевски беше посмирен во третиот период кога успеа да ја задржи минималната предност и да обезбеди полуфинале.

Во полуфиналето и битка за медалите, Георгиевски од 18.45 ќе се бори со Мароканецот Басел.

ПретходноКирјос ја доби најголемата казна во историјата на Вимблдон
СледноДембеле остана само со една опција: Нов договор со Барса со плата помала за 40%