Одговори на критиките: Да бев мрзлив, немаше да го достигнам ова ниво

531

Новиот играч на Борусија Дортмунд Никлас Зиле ги коментира критиките упатени кон него дека е мрзелив и дека само пие и јаде и не го интересира фудбал. Зиле од Баерн премина во Борусија Дортмунд, а исто така е и германски репрезентативец.
Ако бев мрзлив, немаше да го достигнам нивото на кое сум сега после таква сериозна повреда“, коментира Зиле за германското издание „Рур Нахрихтен“.

Луѓето кои го кажуваат тоа, го гледаат Никлас Зиле како човек кој обожава да јаде бургер и да пие пиво. Па што? Зарем мислите дека другите професионални фудбалер не го прават тоа? Само што тие не зборуваат за тоа. Јас сум затворен човек, не се правам важен и имам здрав поглед на работите. Бидете сигурни дека кога сум на теренот, на тренинг или на натпревар, нема ништо поважно за мене од фудбалот. Апсолутно ништо“, вели Зиле.

После искуството кое го стекнав во последните години, веќе знам, дека не морам да се докажувам никому. Јас сум таков каков што сум и не сакам да бидам различен. Наскоро ќе наполнам 27 години и сум искусил како е да се бориш за опстанок во Лигата и како да се бориш за титула во Лигата на шампионите. Знам што можам и како можам да се подобрам. Но никогаш нема да дозволам да ми кажуваат дека немам желба за игра или сум мрзлив“, вели германскиот репрезентативец.

ПретходноПочина една од најголемите шкотски фудбалски легенди
СледноПријовиќ и Тошиќ: Лага е се, ниту сме се сретнале, ниту сме се степале