Пријовиќ го нокаутирал Тошиќ на сплав во Белград

2124

Српските медиуми информираат дека српските фудбалери Александар Пријовиќ и Душко Тошиќ се степале на еден сплав во Белград. Тие се најдоа во центарот на вниманието не поради убави работи. „Курир“ објави дека имало инцидент на еден од сплавовите во Белград, но деталите стигнаа и до јавноста.
Пријовиќ со три девојки дошол на сплав, а таму Тошиќ со свое друштво бил на него. Кога Пријовиќ го видел Тошиќ тргнал кон него за да го тепа. Прво имало вербална расправија која преминала во физичка пресметка. Пријовиќ три-четири пати со тупаница го удрил Тошиќ кој паднал нокаутиран на подот.
Потоа реагирало обезбедувањето кое спречило поголем инцидент. Наводно, Пријовиќ тргнал да се пресмета со Тошиќ затоа што претходно му упропастил трансфер.
Тогаш му порача дека ќе го истепа веднаш штом ќе го види, а тоа и го направил.
Пријовиќ е член на Вестерн Јунајтед од Австралија, додека Тошиќ по завршувањето на кариерата работи како менаџер.

ПретходноИгор Тудор на кормилото на Олимпик Марсеј
СледноВолкановски направи хет-трик победи против Холовеј и ја сочува светската титула