Пријовиќ и Тошиќ: Лага е се, ниту сме се сретнале, ниту сме се степале

651

Српските фудбалски интернационалци, Александар Пријовиќ и Душко Тошиќ се згрозени од невистините кои спрските портали ги раширија синоќа околу нивната наводна тепачка во еден ноќен клуб во Белград. ЈАвноста во Србија напиша дека Пријовиќ буквално го претепал Тошиќ поради поранешни недоразбирања, односно наводно пропаднат трансфер на напаѓачот. Дека Тошиќ, инаку сега менаџер, директно влијаел околу пропаѓањето на трансферот на Пријовиќ, па овој чекал можност да му врати.

„Никогаш не сум коментирал написи за мене, иако најголемиот број од нив биле невистини. Сепак, ова е премногу. Ниту сум се сретнал, ниту сум се степал со Душко Тошиќ“ – напиша Александар Пријовиќ на социјалните мрежи доцна синоќа, а истото го потврди и Тошиќ.

 

 

ПретходноОдговори на критиките: Да бев мрзлив, немаше да го достигнам ова ниво
СледноУсеини ќе продолжи во Приштина