Денеска на Вимблдон се одржа пригодна свеченост по повод стогодишнината од централниот терен на најголемиот тениски турнир во светот. Се разбира дека тука беа сите најголеми тенисери, некогашни победници, но сепак во главна улога беше Роџер Федерер.
Осумкратниот победник на Вимблдон не ја криеше својата разочараност дека поради повреда не може да игра оваа година.
“Ми недостига тенисот, исто ми недостига многу овој терен, Вимблдон како турнир. Верувам дека ќе се вратам овде како играч, верувам во тоа, но и се надевам“ истакна Швајцарецот на свеченоста.