Халанд во Реал Мадрид!? Ама во јуни 2024!!!

552

Иако желбите беа ова лето Реал Мадрид да го доведе Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд и со тоа да создаде супер – тим, сепак Флорентино Перес не успеа во тоа. Мбапе остана во ПСЖ, а Халанд пак ја прифати понудата на Манчестер Сити.

Но “кралевите“ имаат план кој би го активирале во јуни во 2024 година.

Имено Сити и Халанд имаат договор за откупна клаузула од 150 милиони евра која би можела да се искористи за две години. Значи било кој клуб кој ќе ги плати тие пари ќе може да го има Халанд во своите редови.

Ете ја таа шанса за Реал Мадрид. Токму во 2024 година Норвежанецот би го заменил Бензема како прв напаѓач на Реал Мадрид.

ПретходноБихорац од „Пандев“ премина во Силекс
СледноАкадемија Пандев со реакција: Вчера банкрот, денес фузија, утре директно во групна фаза Лига на Шампиони?