Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон откако го доби дуелот со Ван Ријтовен. Српскиот тенисер изгуби само еден сет, на крајот славеше со 3-1 (6-2, 4-6, 6-1 и ). Противник на Ѓоковиќ ќе биде Јаник Синер, кој во четири сета (6-1, 6-4, 6-7 и 6-2) го совлада Карлос Алкараз.
Ноле одлично го отвори мечот, поведе со 6-2 по првиот сет. Во следниот противникот, успеа да му земе сервис при 3-3, па изедначи на 1-1. Третиот сет не видовме рамноправна битка, Ѓоковиќ беше доминантен, овој дел го доби со 6-1. Во продолжение Ријтовен се обиде да дојде до ново израмнување, но не успеа. Ноле последниот сет го доби со 6-2.
Давид Гофан и Камерун Нори си закажаа меѓусебна пресметка за полуфинале, откако славеа во дуелите против Тиафо (3-2) односно Пол (3-0).