Досегашниот играч на тимот на Вардар, Вилдан Керим е уште еден во редицата играчи кои од таму летово се сели во тимот на Гостивар. ПО Дарко Стојанов односно Филип Петковски, и Вилдан Керим се одлучи да замине во амбициозниот второлигаш кој очигледно дека за следната ВМФЛ сезона прави тим за највисоки дострели.
Керим имаше забележителна улога во тимот на Вардар изминатиот период, успешно се врати од повредата на клучната коска, и сега очигледно врти нова страница од неговата кариера.