Игор Тудор на кормилото на Олимпик Марсеј

129

Францускиот вицепрвак Олимпик Марсеј се подготвува за новата сезона во Лига 1 и за настапите во Лигата на шампионите, но се најде во проблем. Иако се засили со неколку фудблери во петокот остана без тренер откако Хорхе Сампаоли шокантно објави дека го напушта клубот. Француските медиуми откриваат дека на неговото место ќе дојде хрватскиот стратег Игор Тудор кој минатата сезона беше на кормилото на Верона.
Неговиот стил на игра и амбициозноста го воодушевил претседателот на клубот Пабло Лонгорија поради што му понудил соработка. Тудор ќе потпише двегодишен договор со поранешниот француски и европски првак.
Тудор претходно работеше во неколку европски клубови како Хајдук, Удинезе, Галатасарај, Карабукспор, ПАОК, а беше и селектор на Хрватска.

ПретходноЛапорта го разочара Манчестер Јунајтед и најави две засилувања оваа недела
СледноПријовиќ го нокаутирал Тошиќ на сплав во Белград