Манчестер Ј. му дава 150.000 фунти неделно, но тој чека да види со кого би играл во тимот

813

Манчестер Јунајтед наводно се согласил да му понуди на Кристијан Ериксен договор вреден 150.000 фунти плата неделно, но Данецот рекол дека сака да почека и да види кој друг фудбалер ќе го купи новиот менаџер Ерик тен Хаг.

Ериксен не сака да потпише за Јунајтед ако тимот нема респектабилен состав кој ќе се бори за ТОП 4 следната сезона во Премиер лигата. Ериксен, кој ја помина втората половина од минатата сезона со краткорочен договор со Брентфорд, овој трансфер период е цел на неколку клубови од Премиер лигата.

30-годишниот фудбалер во моментов е најблиску до Манчестер Јунајтед, кој е во преодна фаза со доаѓањето на нов менаџер.

ПретходноИ младинците им одржаа лекција на Бугарите!
СледноЃоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон!