Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски кој денеска требаше да се натпреварува на Медитеранските игри во Оран во дисциплината скок во далечина, има позитивен Ковид-19 тест. Тој имал покачена температура во изминатото деноноќие, по што стигнал и позитивниот ПЦР тест.
“Многу сум тажен заради настанатата ситуација, затоа што моја најголема цел за оваа сезона беше да освојам медал за Македонија на Медитеранските игри во Оран. Тренинзите се одвиваа според предвидената динамика до вчерашниот ден, бев во одлична форма, но за жал Господ имал други планови за мене. Ќе се вратам уште посилен после ова!”, е изјавата на Андреас.