Шпанската ватерполо репрезентација е нов светски првак. Во драматично финале во Будимпешта по изведување на пенали ја совлада Италија со 15-14. Регуларниот дел заврши 9-9.
На овој начин „фуријата“ дојде до златниот медал после 20 години пауза, воедно им се одмазди на Италијанците за поразот во 2019 година.
Шпанците имаа водство од 9-6 на пет минути до крајот, но италијанските ватерполисти успеаја да израмнат на 9-9. Алваро Гранадос со шест гола беше прво име кај победникот.
Italy and Spain break the record for most goals scored in the final of the men’s #waterpolo final! 👉15-14
The previous record was a 14-13 after a penalty shootout won by Serbia in 2009 (versus Spain).#FINABudapest2022 pic.twitter.com/VFD0X9OtRg
— FINA (@fina1908) July 3, 2022
Третото место на СП го освои Грција, беше подобра од Хрватска со 9-7.