Почина една од најголемите шкотски фудбалски легенди

451

Поранешниот шкотски репрезентативен голман Енди Горам почина на 58 години после кратка борба со канцер. Горам има 43 настапи за фудбалската репрезентација на Шкотска и уште четири за крикет репрезентацијата што го прави единствениот кој заиграл во двата спорта.
Инаку тој е и легенда на Ренџерс, освои пет шампионски титули, три шкотски Купа и два Лига купа. Исто така играше позајмен за Манчестер Јунајтед во шампионската сезона 2000/01.
Горам беше во шкотскиот состав за СП 1986 и 1990, како и за Еуро 1992 и 1996.
Инаку во фудбалската кариера играл за уште неколку англиски и шкотски клубови, Олдам, Хибернијан, Мадервил, Ковентри, Шефилд Јунајтед…

ПретходноДепај не е во плановите на Чави, мора да бара нов клуб!
СледноОдговори на критиките: Да бев мрзлив, немаше да го достигнам ова ниво