Еден од противниците на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство 2023 година, селекцијата на Норвешка ќе биде без својот најдобар играч, Сандер Сагосен.
Ракометарот на Кил заработи тешка повреда на зглобот поради која мораше да биде опериран, но новата контрола покажала дека истата не била успешна и дека тој повторно ќе мора да оди на нов оперативен зафат.
Ова значи дека Сагосен ќе мора да биде надвор од терените најмалку шест месеци, што пак значи дека нема да може да заигра на Мундијалот.
Норвешка е нашиот прв противник во Краков (Полска), градот домаќин на нашата група, мечот се игра на 13. јануари следната година, покрај оваа репрезентација Македонија ќе ги одмери силите со Аргентина и Холандија.