Шпанскиот ветеран Рафаел Надал го совлада Холанѓанецот Ботик ван де Зандшлуп со 3:0 во сетови (6:4, 6:2 и 7:6) и се пласира во четвртфиналето на Вимблдон. Ова е втора победа на Надал над овој противник по онаа на Ролан Гарос пред неколку месеци.
Надал немаше проблеми против Холанѓанецот во првите два сета кои лесно ги доби, во третиот стигна до водство од 5:3 па противникот фати залет и стигна до 5:5 и до трај-брејк. Но Шпанецот собра сила и го приврши мечот во своја корист.
Во четвртфиналето Надал ќе игра против Американецот Тејлор Фриц.