Младата селекција на Македонија „Под 20“ години запиша пораз на вториот подготвителен натпревар на гостувањето во Софија. Бугарија беше подобра со 73:65.
Нашите млади кошаркари го добија првиот период (16:13), но домаќинот пред одморот успеа да израмни на 35:35.
Третата четвртина им припадна на „црвено-жолтите“ (20:14), но застанаа во последниот. Домашната селекција имаше доста подобар финиш, за тие десет минути направи (24-10), за резултатски пресврт и краен успех од (73:65).
Лука Савиќевиќ реализираше 21 поен, имаше и три скокa и едно додавање. Андреј Андоноски постигна 14 поени (плус шест скока и две додавања), додека Марко Миловановиќ оваа средба ја заврши со десет реализации (плус и два скока и три асистенции).
По шест поени постигнаа Хот и Василевски, Младеновски имаше четири, а Петков и Петрушевски по два поени, а Андреј Митревски беше единствениот кој не запиша минути на оваа проверка по која нашиот тим „Под 20“ години се враќа во Скопје.