27-годишниот македонски фудбалски репрезентативец Марјан Радески и официјално е преставен како ново засилување за ерменскиот прволигаш Пјуник.
Радески минатата сезона го носеше дресот на шампионот Шкупи, па откако ги заврши обврските реши да се проба и надвор од нашите граници. Пјуник е првата негова екипа во странство, откако досегашниот дел од кариерата го мина во домашното првенство.
Инаку Пјуник ова лето обезбеди 9 нови засилувања, меѓу кои е и нашиот репрезентативец.