Србија прокоцка 11 поени и изгуби од Белгија – им виси пласманот на Мундобаскетот

323

Кошаркарската репрезентација на Србија доживеа пораз од репрезентацијата на Белгија со 73:74 во салата „Чаир“ во Ниш. Српскиот националец тим испушти водство од 11 поени во последниот период и и дозволи на Белгија да си оди со огромна победа. Србите се оддалечија од Мундобаскетот.

Инаку овој меч се играше во два дена. Синоќа снема струја во салата, поради што доигрувањето беше одложено за денеска.
Овој пораз може да одлучи во конечниот расплет на табелата во групата „И“ бидејќи Србија има лош меѓусебен скор со ривалите од првата фаза, односно две победи помалку во однос на лидерот Летонија и една победа малку од второпласираната Белгија.

Српскиот тим во новата група со Турција, Грција и Велика Британија пренесува само еден триумф, што значи дека ќе им треба максимален ефект за да отиде на СК.

ПретходноЛидс ја договори замената на Филипс
СледноНавивачите на Олимпија го избркаа новиот тренер од пресот