Видеолотарија Касинос Австрија како општествено одговорна компанија, секогаш ги препознава можностите и иницијативите за негување на спортскиот дух. Во таа насока е и најновата спортска соработка со македонскиот фудбалски шампион Шкупи.
Видеолотарија во своите заложби за поддршка на спортска култура, продолжува со својата агенда за активна вклученост во развојот на бројни активности и настани, кои ќе го слават спортскиот напредок и успех. Нашата компанија е нов пријател- поддржувач на македонскиот фудбалски шампион, тимот на Шкупи, во нивните настапи во квалификациите за ЛШ и следната сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Тимот на Шкупи кој утре има ново спортско патешествие со Линколн Ред Импс во рамки на квалификациите од Лигата на шампиони, изрази благодарност до Видеолотарија за препознавањето и поддршката во нивните спортски амбиции.
Со ова спонзорство, Видеолотарија Касинос Австрија веќе сигурно станува силен поддржувач на македонскиот фудбал.
#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно