Војдан: Покажавме карактер и борбеност, така се игра за репрезентација!

257

Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да дојде до посакувата победа во овие квалификации за пласман на СП 2023 година. Имавме отворен пат, не успеавме да искористиме вистински шанси да приредиме пресврт. На крајот бевме поразени со 68-73.

Крајниот епилог во квалификациите ги завршивме со шест порази во исто толку одиграни мечеви.

Капитенот, Војдан Стојановски е задоволен од она што го прикажале на теренот.

„Имавме лош почеток, два-три пати се враќавме после двоцифрена негатива, покажавме карактер. Бевме блиску да победиме, но таков е спортот. Покажавме енергија и борбеност, тоа е вистински пат кога се игра за репрезентацијата. Честитки до сите момци кои во текот на изминатиот период играа за репрезентацијата“, изјави Војдан Стојановски по мечот.
ПретходноСедлоски: Да покажеме зошто сме шампиони на Македонија
СледноБајиќ: Ако некој мисли дека јас сум проблем во мак-кошарка, одма ќе си одам! Но, не сум!