Голема штета: Македонија со пораз ги заврши квалификациите за СП (ФОТО)

228

Македонската кошаркарска репрезентација со го затвори првиот квалификациски циклус за место на СП 2023 година. Избраниците на Драган Бајиќ на последниот меч против Украина на домашен терен беа поразени со 68-73. Овој цикслус за жал го завршуваме без победа, иако вечерва ја заслуживме, ама се чини ниту судиите не сакаа триумфален крај за нас.

За разлика од мечот со Шпанија, која беше пресилна денеска видовме на дело колку овие момци го сакаат репрезентативниот дрес, сите од прв до последен гинеа на теренот, за што заслужуваат аплаузи. И на оваа средба во одлично издание се покажа Андреј Јакимовски, име кое ветува.

Лоша прва четвртина одиграа нашите кошаркари и во одбраната и во нападот, Украина постигна седум тројки од десет обиди. Гостите многу брзо дојдоа до двоцифрена предност (9-18). Војдан се обидуваше да го пробуди својот тим, но дефанзивата беше разнишана. По првата четвртина Македонија прими 35 поени, даде 21.

Украина во продолжение дојде на 28-43, а потоа 30-47. Токму од овој период со две тројки на Јакимовски, едно слободно Мекиќ, тројка на Бојан, две слободни на Војдан и два поени на Николов, направивме серија од 14-0 за 44-47 во 27 минута.

Ова беше период кога одбраната се разбуди, а нападот одеше течно. И не застанавме го задржавме ова темпо. Ѓуроски намали на 46-50, Мекиќ промаши чист зицер. Украинците одговорија со четири поени. Ова не ги демотивираше кошаркарите, дојдоа на 51-54 на нешто повеќе од една минута до крајот. Михаиљук беше најголемиот проблем за нашата одбрана, шутот за три поени добро го служеше и во третата четвртина.

Во последните десет минути, Македонија влезе со негатива од 53-57. Ни требаа две минути за да ги постигнеме првите поени, Крстевски и Јакимовски намалија на 57-61. Судиите не ни признаа чисти поени, како да сакаа да ја турнат Украина кон победата, па примивме шест поени (57-69) за нова двоцифрена негатива во 34. минута.

Крстевски, Ѓуроски и Јакимовски, кој најавува дека може да биде идниот лидер на Македонија, со серија од 8-0 намалија на 65-69 на 3:33 до крајот. На другата Украина губеше сила. Следеа минути на промашување на двете страни, штета што не успеавме да реализираме барем два напади. Оваа серија ја прекина Украина за жал, Ковалов зголеми на 65-71 во 39. минута. Николов реализираше едно слободно фрлање за 66-71, токму над него беше направен фаул, судиите за жал не досудија намерна, иако беше видлива. Николов беше презицен за 68-71, пробавме со пресинг. Украинците реализираа две слободни за 68-73, промашивме во следниот напад за крај.

Андреј Јакимовски со 17 поени и 9 скока беше прв стрелец, зад него беше Војдан Стојановски со 15, два помалку имаше Крстевски.

ПретходноТиквеш го потврди Карчески
СледноГрузија направи сензација – ја совлада Шпанија!