Репрезентацијата на Грузија ја совлада Шпанија во меч од квалификациите за СП 2023 и со тоа направи скок на првото место на табелата во групата Г. Грузијците славеа со 82:76 и тоа по продолженијата откако во регуларниот дел беше изедначено 67:67.
За Грузија тоа е четврта победа во групата, а најефикасен на мечот беше кошаркарот на Тенерифе Георги Шермандини со 18 поени, а го следеа Адроникашвили со 17 и Мекфејден со 16.
Кај Шпанија се истакна Лопез-Аростегуи со 14 поени.